Арсенал спаси бод во последната минута – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Арсенал спаси бод во последната минута

sp-arsenal-ziru-getty

Арсенал се спаси од пораз на Витали стадионот во Борнмут, откако во последните 20 минути успеа да ја надомести негативата од три гола. Арсенал од пораз го спаси Оливие Жиру кој израмни на 3:3 во 92.минута од натпреварот.

Арсенал успеа да се спаси од дебакл во Бормнут, откако одигра лошо прво полувреме и му дозволи на домаќинот во првите 20 минути да постигне два гола. Чарли Данијелс изведе прекрасна минијатура и го совлада Чех, а потоа Калум Вилсон погоди од „белата точка“.

Водството на Борнмут го зголеми Рајан Фрејзер во 58.минута.

Драмата на Витали стадионот, Арсенал ја најави во 70.минута кога Алексис Санчез го намали резултатот со својот 13-ти гол во Премиерлигата. Пет минути подоцна негативата дополнително ја намали Лукас Перез.

Судијата Мајкл Оливер во 82.минута престрого, со црвен картон, го казни Френсис, а предноста од играч повеќе Арсенал ја искористи во 92.минута кога Жиру ги постави конечните 3:3.

Борнмут со 25 бодови е деветти на табелата, додека Арсенал е на четвртото место со 41 бод.

Во преостанатите два натпревари Стоук славеше над Вотфорд 2:0, а Кристал Палас ја продлабочи кризата откако загуби од фенерџијата Свонси 1:2.

Ова коло, во среда, ќе го комплетира лондонското дерби помеѓу Тотенхем и Челзи.

Би те интересирало и

Ренова и Силекс ремизираа без голови во Тетово

Ренова и Силекс одиграа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска ...

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни ...