Атина повторно без трамваи, метро и електрична железница

Вработените во атинскиот железнички транспорт СТАСИ (трамвај, метро и електричната железница Кифисиа-Пиреја) утре и во петок ќе одржат 24-часовен штрајк.

Штрајкот ќе се одржи во знак на протест против закон со кој се предвидува организацијата за градски превоз на Атина ОАСА, да ја преземе комерцијализацијата на станиците на фиксната железница и просториите на СТАСИ.

Според синдикатите на вработените во СТАСИ, промената во законот значително ќе ги намали нивните приходи и ќе предизвика масовна и непоправлива штета со тоа што ќе бидат лишени од правниот приход кој го поткопува неговиот статус како јавен сектор.

Би те интересирало и

Грција и денеска заробена од лошото време

Во Грција и денеска ќе продолжи лошото време проследено со поројни дождови и силен ветар, ...

Дожд и бура и денеска во Грција, најавуваат метеоролозите

Грчката Национална метеоролошка служба и за денеска најави дожд и бура во земјата. На места бурата ќе ...