Атлетико го отвори новиот стадион, Гризман се запиша во историјата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Атлетико го отвори новиот стадион, Гризман се запиша во историјата

Атлетико Мадрид со минимален триумф над Малага (1:0), во саботата, ги отвори портите на својот нов, ултра модерен стадион „Ванда Метрополитано“.

Првиот гол на новиот стадион го постигна најдобриот играч на „јорганџиите“, Антоан Гризман.

Мадридски Атлетико на 16.септември 2017 година започна нова ера во својата богата фудбалска историја. Клубот, по 51 година го напушти култниот стадион „Винсенте Калдерон“ и во иднина ќе игра на ултра модерниот „Ванда Метрополитано“.

Изградбата на стадионот чинеше околу 240 милиони евра, има капацитет од 67.700 седишта, а според информациите од клубот сезонава има продадено 50.000 претплатни билети. Првиот противник кој на Атлетико му гостуваше во новиот дом беше Малага, тим кој нема освоено бод и кој има постиганот само еден гол во првенството.

„Јорганџиите“ тешко стигнаа до триумф против последнопласираната екипа на табелата. Во првиот дел Атлетико не можеше да го пробие бункерот на гостите, кои имаа една добра шанса, но Облак не дозволи да биде совладан.

Во второто полувреме Малга малку ја отвори својата игра, но и тогаш Атлетико тешко го наоѓаше патот до голот на противникот.

Клучниот момент на мечот се случи во 61.минута кога Аргентинецот Анхел Кореа по десната страна мина двајца противнички играчи, а на нафрлената топка налета Антоан Гризман и ја смести во голот.

Најдобриот играч на Атлетико го запиша своето име во историјата на новиот стадион, како стрелец на првиот гол на „Ванда Метрополитано“.

Возбудувања потоа немаше до самиот финиш, кога напаѓачот на Малага, Ролан, од изгледна позиција упати силен удар, но Облак повторно не дозволи да биде совладан.

Атлетико во наредната рунда, во среда, ќе гостува на „Сан Мамеш“ кај Атлетик Билбао.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Конте: За две недели ќе се знае дали го напуштам Челзи

Менаџерот на Челси, Антонио Конте ќе го почека крајот на сезоната, за да ја објави ...

Алекс Фергусон се разбуди од кома

Сер Алекс Фергусон се разбудил од кома и почнал да разговара со семејството – пренесе ...