Атлетико ја пречекува Барселона во дербито во Примера

Во фудбалскиот шампионат на Шпанија на програмата се средбите од 24.коло. Дерби дуелот од оваа рунда се игра попладнево на „Винсенте Калдерон“ во Мадрид, каде Атлетико ќе биде домаќин на актуелниот шампион Барселона.

Ова е дуел на двете екипи кои во моментов се на третото и четвртото место на табелата, зад Севиља која синоќа го доби градското дерби со Бетис и лидерот Реал Мадрид кој вечерва му гостиува на Виљареал кој се бори за место кое носи пласман во еврокуповите следната сезона.

Денешната програма ги носи дуелите:
12:00 Еспањол – Осасуна,
16:15 Атлетико Мадрид – Барселона,
18:30 Спортинг Хихон – Селта Виго,
18:30 Атлетик Билбао – Гранада и
20:45 Виљареал – Реал Мадрид

На натпревраите кои се одиграа претходно беа постигнати овие резултати:
Алавез – Валенсија 2-1,
Бетис – Севиља 1-2,
Леганес – Депортиво Ла Коруња 4-0,
Еибар – Малага 3-0 и
Лас Палмас – Сосиедад 0-1.

Табела: Реал Мадрид 52 бодови, Севиља 52, Барселона 51, Атлетико Мадрид 45, Сосиедад 44, Виљареал 39,…

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...