Ахмети организира средба со лидерите на Албанските парламентарни партии

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска ги покани лидерите на албанските парламентарни партии на заедничка работна средба за да се разгледа имплементацијата на програмските определби.

Средбата, како што соопшти ДУИ, ќе се одржи во Скопје во хотелот „Александар Палас“.

Од Движењето „БЕСА“ преку соопштение предложија средбата да се одржи во Собранието на Република Македонија, а како точка на дневен ред да биде разгледан извештај од ДУИ и Алијансата за Албанците за тоа што е опфатено во владината програма од заедничката декларација на албанските политички партии и со какви динамика таа ќе се спроведува.
Од БЕСА предлагаат на состанокот да се расправа и за изработка на план за Предлог-законот за албански јазик и формирање на работните групи за негова имплементација.

Би те интересирало и

„Мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор во Македонија“, книга на Лилјана Поповска

Недоволната поддршка од институциите го ограничува влијанието на мултикултурното поврзување во граѓанскиот сектор. Ова, во ...

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...