Ахмети ќе му даде потписи на Заев, но за коалиција уште ќе размислува – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ахмети ќе му даде потписи на Заев, но за коалиција уште ќе размислува

ДУИ ќе им ги даде потписите на СДСМ за состав на нова влада, но тие потписи не значат дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ – соопшти вчера портпаролот  на партијата Бујар Османи.  Според него, потписите биле дадени за да се деблокираат некои процеси и да се запазат роковите за распишување на локални избори.

„ Ако се одлучиме за учество во влада треба да се усогласат програмите. Има аргументи за и против двете опции и не можам да кажам дали доминира едната или другата опција, но вечерва не очекувам да се донесе таква одлука. Давањето на потписи не значи договор за влада, туку значи започнување на процес на преговори за влада, доколку одлучиме за опцијата партиципирање во влад“,  изјави Османи.

Во текот на овој викенд во ДУИ ќе се преговара дали ќе бидат дел од новата Влада која што ќе ја предводи Зоран Заев и СДСМ, или пак партијата ќе се повлече и ќе делува од опозиција. Според последните најави, ДУИ ќе ја открие конечната одлука во понеделник.

Би те интересирало и

Иванов ја посети Железната црква во Истанбул

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов кој е во официјална посета на Турција, вчера ја ...

Претседателот Иванов со сопругата ќе се сретнат со Ердоган во Турција

Претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, од денеска престојува ...