Ацтеките исчезналe поради салмонела – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ацтеките исчезналe поради салмонела

Научниците веруваат дека ја откриле причината за епидемијата што усмрти 17 милиони луѓе. ДНК анализата на заби од 10 тела од гробницата во Оахаки, Мексико покажа дека двете големи епидемии помеѓу Ацтеките во 16 век биле предизвикани од инфекција со салмонела.

Молекуларниот палеопатолог Кристен Бос од Институтот Макс Планк истакнува дека телата од гробницата потекнуваат од времето на првата епидемија, која се случи во периодот од 1545 до 1550 година.

Тоа е единствена гробница што може да се поврзи со епидемијата.

Со новиот компјутерски алгоритан овозоможена е анализа и на исклучително мали делови од ДНК, со што е можно да се идентификува видот на бактерија. Епидемијата била предизвика од Salmonella enterica Paratyphi C, која предизвикува ентеричка треска, вклучително и акутна дијареја и дехидрација на организмот.

Но, се уште не е познато како Ацтеките дошле во контакт со бактеријата.

Преземено од: http://cooltura.mk – КулТура.мк

Би те интересирало и

Не чувајте го мобилниот телефон во задниот џеб

Луѓето најчесто го чуваат мобилниот телефон во задниот џеб од панталоните, што е погрешно, зашто тие ...

Како би изгледале светските лидери со доколку би имале кул фризури (галерија)