Баба избегала од старечкиот дом со помлад љубовник – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Баба избегала од старечкиот дом со помлад љубовник

Персоналот во дом за стари лица во норвешкиот град Ејдсволд признава дека кренал паника и повикал полиција кога на паркингот ја забележале „одалката“ на една своја 92-годишна штитеничка. Освен металното помагало, од бабата немало ни трага, ни глас.

Се разбира, стравувале дека нешто лошо ѝ се случило, но набрзо дознале дека старицата всушност побегала во Стокхолм со својот помлад љубовник – 87-годишен Швеѓанец.

Сега реакциите се поинакви. „Ова е трогателна љубовна приказна“, вели управничката Јанка Холстад. „Замислете да не можете да отидете на романтичен одмор само затоа што сте постари од 90 години. Госпоѓата не направи ништо незаконско, ама нé исплаши бидејќи не ни јави дека ќе отпатува“.

Љубовниците уживале во куќата на помладата половина во Стокхолм, а викендов веќе треба да се вратени. Во љубов се уште откако бабата дошла во домот.

Би те интересирало и

Турски академик тври дека Ное пред потопот му се јавил на синот на мобилен

Тој тврди дека Ное арката ја изградил од челик и оти користел нуклеарна енергија како ...

Вреди 30 милиони долари, а вози стара кола и се грее на обична греалка

Откако со нејзиниот глас и хитовите „Smooth Operator“ и „Your Love is King“ ја освои ...