Бабунски со голот против Урава влезе во историјата на Џеј лигата

На Давид Бабунски му беа потребни само 13 минути да го покаже својот потенцијал и со постигнатиот гол да стане нов миленик на фановите на Јокохама Маринос – пренесува порталот Дерби.

Тој и самиот не го криеше задоволството од ваквото деби во својот нов клуб, а јапонските медиуми го потенцираат фактот дека голот на Давид испишал и историја за јапонската Џеј лига.

Се работи за тоа неговиот татко Бобан настапуваше за Гамба Осака меѓу 1996 и 1998 година, период во кој постигна шест гола и во сезоната 1996/97 го освои второто место во јапонското првенство. Со погодокот на Давид против Урава, семејството Бабунски ги даде првиот татко и син странски фудбалери со настап и погодок во Џеј лигата. Давид е роден во 1994 година, поточно кога неговиот татко настапувал за шпанска Леида, а две години подоцна Бобан се сели во Јапонија каде бил дел од еден од најквалитетните тимови во кој тогаш настапувал и Камерунецот Патрик Мбома.

„Среќен сум поради овој натпревар (Јокохама победи со 3:2), но ова беше само еден чекор во долгата сезона“, потенцирал македонскиот репрезентативец по дебитантскиот настап во Јапонија. Следен противник на неговата екипа е Сапоро на 4. март и тоа повторно пред своите фанови.

 

Извор: www.derbi.mk

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...