Бавно оди директорската смена во Штип

фото: архива

Повеќе од два месеца од преземањето на власта од СДСМ, во штипските институции се случија само неколку директорски промени. Првата смена беше во МВР, каде Љупчо Трајковски стана началник на СВР Штип. По повеќе од еден месец од оваа промена, Клиничката болница доби нов директор, поранешниот пратеник, хирургот Ален Ѓеоргијев, а Сузана Здравева го презеде Центарот за социјални работи. Последните денови актуелни се директорски промени во институциите од културата. Во НЦК „Ацо Шопов“ директорската функција е доделена на младиот режисер  Никола Ристов, додека во Заводот и музеј, во директорската фотеља седна археологот Митко Штерјов. Сите директорски промени се направени од редовите на вработените. Неофицијално, неизвесна е смената во библиотеката „Гоце Делчев“, каде не било најдено соодветно решение меѓу вработените, од каде по заминувањето во пензија на повозрасните вработени, останале само вмро-вските  кадри. За таму, според информациите се бара решение од надвор, при што се споменува името на Кирил Панајотов, вработен во Општината Штип. Останува да се случат директорските во уште еден поголем дел од државните институции, кои сега се раководени од кадри на ВМРО ДПМНЕ, додека СДСМ е на власт.

Би те интересирало и

За една година СВР Тетово има дарувано двесте единици крв

Секторот за внатрешни работи Тетово, успешно ја организираше последната крводарителна акција планирана за годинава. Вработените ...

Љубе Бошковски: Во Македонија мора да се врати критичката свест

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски вчера во Прилеп присуствуваше на отворањето на нови ...