Бадел убедливи во женското кошаркарско дерби против Вардар – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Бадел убедливи во женското кошаркарско дерби против Вардар

Фото: Архива
Кошаркарките на Бадел ја остварија и седмата победа во домашниот шампионат.
Актуелниот македонски првак Бадел го доби дербито против Вардар, со убедливи 93-67, кое се играше во рамките од осмото коло.  Уште по првото полувреме „баделки“ остварија убедлива предност со 18 поени разлика 55-37, па во вториот дел рутинирано ја одржуваа предноста.
Најефикасни кај победничкиот тим беа Димова со 24 и Лазареска со 19 поени, додека прв стрелец на Вардар беше искусната Наков со 20 поени.
Кошаркарките на Бадел се единствените со максимални осум победи, додека вардарки кои се второ пласирани, го претрпеа вториот пораз.

Би те интересирало и

Младите македонски кошаркари на силен турнир во Истанбул

Младите кошаркарски селекции на Македонија до 15 и до 16 години пристигнаа во Истанбул каде ...

Казни во Химки, од играчи до хигиеничарки

Раководството на рускиот кошаркарски клуб Химки одлучи со половина плата да ги казни буквално сите ...