Баерн преку Баер до финалето во купот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Баерн преку Баер до финалето во купот

Фудбалерите на Баерн Минхен на убедлив начин се пласираа во финалето на Купот на Германија, откако синоќа на гостински терен го совладаа Баер Леверкузен со 6:2.

Томас Милер реализира хет-трик, Роберт Левандовски постигна два гола, а еднаш во листата на стрелците се запиша Тијаго Алкантара, додека за домаќините погодија Ларс Бендер и Леон Бејли.

Баерн во финалето ќе се бори за четвртиот куп трофеј во последните шест сезони.

Воедно, Баварците остануваат во игра за тројната круна со оглед што веќе ја обезбедија титулата во Бундеслигата, а ги очекува полуфинале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Противник во финалето во националниот куп закажано за 19 мај во Берлин ќе им биде подобриот од денешниот дуел Ајнтрахт – Шалке.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Конте: За две недели ќе се знае дали го напуштам Челзи

Менаџерот на Челси, Антонио Конте ќе го почека крајот на сезоната, за да ја објави ...

Алекс Фергусон се разбуди од кома

Сер Алекс Фергусон се разбудил од кома и почнал да разговара со семејството – пренесе ...