Балет за деца „Снежана и седумте џуџиња“ во МОБ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Балет за деца „Снежана и седумте џуџиња“ во МОБ

Во Македонската опера и балет денеска напладне ќе биде изведена балетската претстава за деца „Снежана и седумте џуџиња“ од Богдан Павловски во режија, кореографија и инсценација на Витолд Борковски.

Балетот е според приказната на браќата Грим, а првпат во улогата на Снежана ќе настапи Стефанија Гаштарска, студентка на престижната балетска академија Бољшој во Москва.

Во последните два дена од месецов, како и на 2 февруари, ќе биде изведен балетот „Оревокршачка“ од Чајковски.

Би те интересирало и

Вечерва во Битола премиера на претставата „Коцкар“

„Коцкар“ е името на претставата која вечерва премиерно ќе биде изведена во Народниот театар-Битола. Со оваа ...

Комисијата за музика од страв да не утне, го оплеска конкурсот за национални проекти

Кој ќе понесе одговорност за скандалот во кој поради утка на Комисијата за музика и ...