Бали и Ибица – најпопуларни дестинации за одмор ова лето – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Бали и Ибица – најпопуларни дестинации за одмор ова лето

Бали и Ибица се најпопуларни дестинации за одмор оваа година, според податоците на TripAdvisor.

Популарниот сајт ги подели дестинациите во две групи, поблиски и подалечни.

Меѓу топ десет најпопуларни поблиски дестинации се: Ибица, Крит, Мајорка, Санторини, Кипар, Малта, Барселона, Бенидорм, Мадеира и Гран Канарија.

Кога станува збор за најпопуларни поодалечени дестинации тоа се: Бали, Орландо, Лас Вегас, Малдиви, Њујорк, Бангкок, Дубаи, Маракеш, Пукет и Барбадос.

Бали е индонезиски остров познат по пошумените вулкански планини, песочните плажи и корални гребени. На него се ноаѓаат голем број храмови и други културни знаменитости. Исто така е познат е по јогата и лековитите третмани.

Ибица е вистинска „кралица на ноќта“, идеална за оние кои сакат да се забавуваат на песочните плажи до раните утрински часови. Островот се наоѓа меѓу Барселона и Алжир, а има фантастични плажи, зелени пространства, а нуди и голем број активности и вкусна храна.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Гвардиола ја сака ѕвездата на Реал – шеикот го одврзува кесето

Гвардиола потроши многу пари минатото лето, но главно работеше на засилување во одбраната, а сега ...

Единственото село во светот без улици

Дали некогаш сте посакале да избегате надвор од градот и да најдете мир во некое ...