Истражувачка сторија: Балканска медиумска индустрија-македонски ендемски вид – Шести дел – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Истражувачка сторија: Балканска медиумска индустрија-македонски ендемски вид – Шести дел

МММ-Македонска медиумска мафија, фантоми или пирати?

За да ја намали конкуренцијата на ТВ 24 ВЕСТИ, кабелската телевизија Роби, не емитува некои од македонските телевизии. Вклучувањето во пакет телевизии, Роби го условува со плаќање, додека другите кабелски оператори емитуваат бесплатно, знаејќи дека е тоа законска обврска. Роби има своја политика на ограничување на конкуренција и индиректно финансирање на својата телевизија од приход од реемитување на други македонски телевизии. ТВ Нова на Сеад Кочан склучи годишен договор за реемитување со Роби во износ од 50.000 евра! Истата сума Роби ја бара и од ТВ 21, чии сопственици одбиваат да платат толку голем износ. Оваа телевизија има ограничено реемитување на територијата на РМ, иако има национална дозвола, одбивајќи го рекетот од Роби. Ова условување предизвикува турбуленции во новата владина македонско – албанска коалиција, ставајќи ја пред нов предизвик.

Од овие причини законодавецот, забранил кабелски оператор да има радиодифузна организација, со цел да го избегне овој страшен конфлик на интерес.

Токму непочитувањето на законот во делот на авторските права и нереагирањето од страна на ААВМУ и државата им овозможија на кабелските оператори недозволено богатење. Имено, споед законот, кабелските оператори се должни да го регулираат плаќањето на радидифузерите, односно надместок за авторско право за кабелско реемитување. За нерегулирани обврски од почетокот на 2007 година до 2017 година, кабелската Роби и останатите оператори, за десет години неплаќање на авторски права на националните радиодифузери, се имаат збогатено со претпоставена пресметка (со калкулација на АПЕММ) 8.000.000 (осум милиони) Евра, при тоа, ова сума, не вклучувајќи ги и делот на мониторинг делот на АЕК и ААВМУ и 18% ДДВ за државата.

А што мисли ЕУ?

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, неодамана на медиска конференција укажа дека земјите од регионот, меѓу кои и Македонија, треба да го расчистат сопствеништвото врз медиумите и да спречат прекумерната медиумска концентрација.

Задачите се пред новата влада, која или ќе реагира на овие укажувања или од реформска ќе стане само уште една политичка гарнитура која ќе негува медиумски клиентилизам со заштита на политичко-бизнис брак со сопствниците на медиумите. Ова барем на збор го демантираше министерот Роберт Поповски, кому медиумите му се во ресорот,  на конференцијата каде се зборуваше за бизнис модели организирана од МИМ.

Ние во Македонија имаме некаква транспарентност на сопственоста на приватните медиуми, но таа не е до крај дефинирана. Ако се сеќавате, па дури имаше исмејување на законот, па што значи тоа семејство – татко, син… кој е сопственик. Лидери на политички партии беа лидери на медиумите. Па сега тие медиуми имаат некои фиктивни сопственици, многу чудни форми на тендер коалиции на сопственици на медиуми и државни институции итн. Тоа мора да прекине. Од тоа Македонија мора да се ослободи, но, низ една нормална процедура, изјави Поповски.

Македонија, освен примери на ваква концентрација, прикажана погоре, има во најмала рака, нездрава бизнис клима со сопствеништвото во медиумите. Меѓу петте национални телевизии, имаме сопственик, чиј главен бизнис е трговија со нафта, учесник на владини тендери и чувар на државните стокови резерви со нафта. Во друг случај, сопственик на телевизија има компанија регистрирана во оф шор рајот Белизе и бизнис со хотели и конслатинг, што исто така, до сега беше дел од владините тендери. Специјалното јавно обвинителство има неколку случаи, каде инволвирани се компании на роднини на сопственици на медимите и нивни уредници.

Западнобалканскиот бизнис модел е на далеку познат. Претставникот на моќната медиска групација Адриа груп, сопственик на хрватската подружница на РТЛ, Иван Ловричек, вели дека еднаш кога ќе почне приближувањето кон Европската Унија, овој тнр.бизнис модел ќе мора да биде напуштен.

– Знам дека тоа ќе биде тешко, но, за да напредувате, вие мора да го решите проблемот со огласувањето од страна на државата. Тоа ќе дојде само по себе, бидејќи како што ќе се приближувате до ЕУ, тоа ќе стане облик кој нема да биде дозволен, ќе мора да го снема. Ќе мора да излезете на пазар, што веројатно нема да биде лесно за сите, изјави Ловричек.

Колку таа пресметка со старите модели на политичко-бизнис клиентелизам во медиумите ќе биде дозволена, ќе зависи од потезите на новата влада. Засега, се чини, тоа се бледи потези кои не гарантираат дека нема да ни се случи некоја нова „Фабрика“.

Би те интересирало и

Загадениот воздух убива седум милиони луѓе годишно

Светот не напредува во борбата против загадувањето на воздухот, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена ...

Модерната технологија корисна но и штетна

Просветните работници се почесто алармираат дека децата прекумерно користат модерни технологии до граница на зависност. ...