Барселона кажа „да“, Рафиња се сели во Интер – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Барселона кажа „да“, Рафиња се сели во Интер

Раководството на Интер веќе неколку дена беше во интензивни преговори со Барселона за трансфер на играчот за врска, Рафиња Алкантара – пренесува порталот Спортски.

Италијанските медиуми синоќа јавија дека „нероаѕурите“ доставиле нова, побогата понуда за плејмејкерот и дека се чека само одговор од Барселона.

Имено, Интер за Рафиња понуди позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп за 35 милиони евра следното лето.

Последните информации од Апенините тврат дека Барселона ја прифатила понудата и се чека играчот викендов да пристигне на „Џуземе Меаца“.

 

Извор: Sportski.mk

Би те интересирало и

Ренова и Силекс ремизираа без голови во Тетово

Ренова и Силекс одиграа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска ...

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни ...