Барселона со победа над Атлетико е нов лидер во Примера

Екипата на Барселона забележа победа на гостувањето кај Атлетико Мадрид и со трите освоени бодови се искачи на врвот на табелата во шпанската Примера.

Дербито од 24.коло во Примера се одигра на „Винсенте Калдерон“ во Мадрид, каде Барселона славеше победа над Атлетико со 2-1. Рафиња во 60-тата и Лионел Меси во 86.минута беа стрелци на головите за Барселона, додека голот за Атлетико го постигна Диего Годин во 70.минута.

Барселона сега е лидер со два бода повеќе од Реал и Севиља. Сепак „Кралскиот тим„ има два натпревари помалку. Вечерва Реал ќе гостува кај Виљареал во последниот натпревар од денешната програма.

Во првиот кој се одигра попладнево Еспањол со 3-0 ја победи Осасуна.

Вечерва се играат и средбите Спортинг Хихон – Селта Виго и Атлетик Билбао – Гранада.

Табела: Барселона 54 бодови, Реал Мадрид 52, Севиља 52, Атлетико Мадрид 45, Сосиедад 44, Виљареал 39

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...