Баша: Само техничка влада може да спроведе слободни и фер избори во Албанија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Баша: Само техничка влада може да спроведе слободни и фер избори во Албанија

Претседателот на Демократската партија на Албанија Лулзим Баша изјави дека протестите на опозицијата во Албанија нема да престанат бидејќи без техничка влада, парламентарните избори во земјата закажани за 18 јуни нема да бидат слободни.

 

Баша истакна дека протестите ќе продолжат сè додека Владата не прифати формирање на техничка влада која би ги организирала изборите.

Според него, опозицијата е решена и нема да прифати избори организирани од владата на премиерот Еди Рама, за кого рече дека е водач на криминална и корумпирана влада.

Протестите на опозицијата на Албанија кои се одржуваат пред Владата во Тирана, влегуваат во петтиот ден и засега се мирни.

Европските институции ја повикаа опозицијата да не го бојкотира Собранието.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Умерен земјотрес на грчкиот остров Алонисос

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала бил регистриран на грчкиот остров Алонисос ...

Со концерт на Рита Ора, Косово ќе ја прослави годишнината од независноста

Косово денеска ја одбележува десетата годишнина од независноста, а граѓаните ќе прослават со повеќе манифестации ...