Бајрам: Одлуката на министерот за внатрешни работи е партиска

Одлуката на министерот за внатрешни работи е партиски донесена и монтирана. Го обвинува градоначалникот на Шуто Оризари Елвис Бајрам и шест луѓе дека предизвикал општа тепачка, а тоа е обид за убиство со секири и шипки, обвини денеска Амди Бајрам од Сојузот на Ромите на прес-конференција по повод извештајот на МВР за случајот во Шуто Оризари.

„Барав демократски и фер избори. Министерот вети дека нема да се гледа страна, но тоа не се случи. Тој е министер на сите граѓани, а не само на СДСМ. Лага е дека Елвис Бајрам со шест луѓе ги нападнал. Не добро извршена истрага и монтиран случај. Не нападнал Елвис. Министерот не си ја знае својата должност и според мене, целото сценарио е негово. Излегува и обвинува дека Елвис предизвикал општа тепачка, а тој бил нападнат со секири и шипки“, изјави Амди Бајрам.

Тој обвини дека вчера на митинг на СДСМ во Шуто Оризари истите луѓе што го нападнале со шипки и секири Елвис Бајрам стојат зад Зоран Заев, Петре Шилегов, Курто Дудуш и Самка Ибраимовски и ги обезбедуваат.

Посочи дека верува во Јавното обвинителство и дека ќе си ја спроведе својата работа и ќе почне од почеток да го испитува случајот.

Прашан за состојбата на неговиот син, Амди Бајрам рече дека не е добра, левото око му е отечено и затворено, како и дека е свесен и може да зборува, но има отоци и болка.

„За оваа работа ќе барам оставка од министерот во Собрание “,  рече Бајрам.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...