Бегалци од островот Хиос се обиделе со пливање да избегаат кон Турција

refugees greece

Се’ покомплицирана станува ситуацијата со бегалците во Грција. Во очај од беизлезната ситуација во која се заглавени, тие се обидуваат дури и со пливање да стигнат од грчките острови до турскиот брег. Крајбрежната полиција на островот Хиос изминатите два дена забележала шест лица како пливаат во насока кон брегот на Чешме.

Станува збор за бегалци кои се од држави што не важат за воени зони и поради тоа немаат поднесено барање за азил бидејќи знаат дека нема да биде одобрено, а наводно, биле и дел од групите кои побарале да бидат вратени во Турција. Меѓутоа, самиот чин на бегство покажува дека веројатно се премислиле во врска со барањето, земајќи го предвид фактот дека ако се приклучат кон програмата за реадмисија во Турција, веројатно е дека, според договорот ЕУ – Турција, ќе бидат сместени во определените кампови, а потоа вратени во нивните матични земји, нешто што тие не би сакале да се случи – пишува весникот Етнос.

Ситуацијата на Хиос, каде има притворен центар за мигрантите е значително влошена поради честите судири – проблем кој доведе до тоа од островот да си замине службата за разгледување на барањата за азил, оценувајќи дека ситуацијата не е безбедна. За среќа, службениците деновие се вратени, но разгледувањето на барањата за азил оди многу бавно.

Според проценките на грчката влада, има толку барања за азил колку што има и луѓе на островите, од 7.000 до 8.000 и процесот на нивно разгледување оди многу бавно.

Во целата Грција има 54.340 бегалци, од кои повеќе од половина се во центрите за бегалци во северниот дел на државата и во кампот кај Идомени, каде денеска се регистрирани 9.440 бегалци.

Би те интересирало и

Еден починат и 48 заболени од западнонилска треска во Србија

Во Србија е регистриран еден смртен случај и 48 случаи на заболени од западнонилска треска. ...

Турција заштедила 186 милиони евра од летното сметање на времето во текот на целата година

Турција заштеди повеќе од еден милион и триста илјади мегават часови електрична енергија од задржувањето ...