Без грижа, светла е иднината: Вардар веќе има подобар голман од Штербик! – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Без грижа, светла е иднината: Вардар веќе има подобар голман од Штербик!

Трансферот на Арпад Штербик од Вардар во Веспрем на крајот од оваа сезона ги загрижи фановите, бидејќи тешко дека некој може да го замени и да има ефект за тимот како него. Сепак, последните неколку натпревари во СЕХА-лигата даваат надеж.

Во вчерашната победа против Металург (31-24), голот на Вардар го чуваа Арпад Штербик и Даниел Ѓорѓески. Првото полувреме беше катастрофално, со само една одбрана на Штербик, но до крајот на мечот тој запиша уште седум интервенции, а во последните минути и Ѓорѓески даде удел со две одбрани.

Младиот голман на Вардар беше блескав неколку дена претходно, кога со Војводина нареди 18 одбрани, така што сега, по 10 натпревари, тој е подобар од Штербик на СЕХА-статистиката. И двајцата имаат идентичен процент, од 32,1 отсто, но Ѓорѓески има четири одбрани во просек, а Штербик 2,78 по натпревар.

Ѓорѓески настапил на осум натпревари, а Штербик, пак, само на четири влегол меѓу стативите, иако и тој на девет бил во составот. Страхиња Милиќ има нешто полош процент, 29,2, меѓутоа тој има најголема минутажа и поради тоа највисок просек, од 6,71. Ѓорѓески наполни 24 години на 24 часа до натпреварот со Металург и ветува дека има светла иднина и за себе и за Вардар.

Сепак, тој е сѐ уште млад, а ни Страхиња Милиќ не ја имал одговорноста на прв голман, затоа вардарци ќе купуваат нов голман. Најгласни се шпекулациите дека ќе се договорат со Дарко Станиќ, некогашниот голман на Металург и на српската репрезентација.

На статистиката на СЕХА, највисоко котираат Иван Пешиќ од Мешков, со 37,6 отсто одбрани и 10 во просек, како и Урбан Лесјак од Целје со 10,25 по натпревар и 34,5 отсто успешност. Дарко Арсиќ од Металург е петти со 7,25 одбрани по натпревар, иако со послаб процент, 27,5 отсто. Мартин Томовски има 15 отсто успешност и 1,9 одбрани по натпревар.

Би те интересирало и

Манасков, Стоилов и Кузмановски загубија кладба и се ишишаа на нула (фото)

Дејан Манасков, Столе Стоилов и Филип Кузмановски со нов имиџ ќе ги продолжат натпреварите на ...

Промена во македонската репрезентација, Маркоски место Филип Лазаров

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес ја направи и првата измена во составот. На местото на ...