Без струја утре делови од Кисела Вода, Карпош, Сарај, Шуто Оризари и Ѓорче Петров

Поради изведување технички зафати утре без електрична енергија ќе останат делови од Кисела Вода, Карпош, Сарај, Шуто Оризари и Ѓорче Петров.

Од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од населбата Припор, од 09:00 до 11:00 часот корисниците од дел од ул. „Женевска“, од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите (ресторан, хотел, црква,..) во Кањонот Матка и Резерватот Јасен, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од улицата „Злетовска“, дел од улицата „Брсјачка Буна“ и дел од улицата „Пелагонија“, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од селото Семениште и дел од селото Чајлан и од 10:00 до 12:00 часот корисниците од улицата „Борис Сарафов“ од бр.154 до бр. 158 и улицата „Андреја Зограф“ бр. 2.

Би те интересирало и

Високо загадување на воздухот во повеќе градови

Утринава е регистрирано високо загадување на воздухот во повеќе градови во Македонија. Мерните станици утрово во ...

Македонија и Бугарија потпишаа аранжман за соработка за обука на возачи и механичари на тенк Т-72

Министрите за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска и на Бугарија, Красимир Каракачанов, вчера во рамките ...