Бензините и дизел горивата поскапуваат за 2 денари по литар

tocenje-benzin

Со одлуката се изврши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,01, односно за 4,46 отсто.

Цената на  ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 68,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 53,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 42 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 2,076 денари по килограм се зголемуви и малопродажната цена на мазутот М-1 НС  и сега ќе чини 28,109 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочија  за 5,83 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,1 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Останува да видиме каква ќе биде новата одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика и дали ќе возиме уште поскап бензин.

Прочитајте повеќе на: http://turlitava.com/nova-tsena-na-gorivata-vo-makedonija-2/#ixzz4VGMRBscS

Би те интересирало и

Синот на Никовски за советување на Груевски заработувал по 3000 евра месечно

По три илјади евра месечно за хонорар и’ наплатувал на претходната влада Александар Никовски, еден ...

Лозарите од Тиквешијата ја блокираа Винарската визба „Повардарие” од Неготино, бараат исплата на предаденото грозје

Стотина лозари утрово ги блокираа двете капии на Винарската визба Повардарие од Неготино, револтирани што ...