Беса бара СЈО до петок да ги отвори случаите Сопот и Монструм

Партијата Беса попладнево побара од Специјалното јавно обвинителство да ги покрене случаите „Сопот“ и „Монструм“ бидејќи потоа мандатот кој тимот на Катица Јанева го има за покренување обвиненија ќе истече.

-Без разлика на одлуките на Советот на јавни обвинители за „Сопот“ ние цениме дека СЈО има доволно материјали за само да го иницира случајот, да не дозволува на двојството ВМРО-ДУИ да продолжат да играат со животите на луѓето инволвирани во овие случаи – велат од Беса.

Од таму додаваат дека ако СЈО в петок не ги процесира случаите тоа ќе се оцени како „манипулација и предавство на тие што страдаат со доживотен затвор само поради политизираната правда во Македонија“.

-Беса нема да дозволи животот на Албанците да зависи од политичките пазарења и нема да се откажеме сè додека не се расветлат целосно овие случаи. Ако не се решат овие два случаи, државата ќе ја сноси одговорноста заедно со СЈО – велат од партијата.

 

Извор: www.meta.mk

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...