БЕСА денес одлучува дали ќе биде дел од новата Влада

Денес во 15 часот движењето “Беса” најави прес конференција на која се очекува да каже дали ќе учествува во новата влада или само ќе и даде поддршка со своите пет пратеници. Во 13 часот “Беса” има Централен комитет кој треба да ја донесе оваа одлука.

“Беса” му го доставила своите барања на мандаратот Зоран Заев но некои од барањата биле неприфатливи за СДСМ како барањето за редефинирање на државата.

ДУИ синоќа ги објави имињата на предлог министрите од нивната партија кои би биле дел од новата влада.

Како што соопштуваат од партијата, тие ги предлагаат Хазби Лика за вицепремиер задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Бујар Османи за вицепремиер за евроинтеграции, Билен Салиу да води со ресорот правда, Садула Дураку за министер за екологија, Куштрим Бектеши за местото министер за економија и Рамиз Мерко за министер без ресор.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по завршувањето на партискиот состанок изјави дека има намера 4годишниот мандат да го истера до крај:

„Министерството за здравство и Министерството за локална самоуправа им припаѓаат на нашиот коалициски партнер, на Алијансата за Aлбанците“, рече Ахмети.

Теута Арифи од ДУИ изјави дека нема да биде дел од новата влада и дека повторно ќе се кандидира за градоначалничка на Тетово за да ги реши проблемите на општината.

Преземено од: МКД

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...