Бидете подобар партнер во новата година – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Бидете подобар партнер во новата година

За една врска да биде успешна, потребно е многу повеќе од љубов, па клучна улога знаат да одиграат и некои други фактори. Доаѓањето на новата 2018. година претставува поттик да создаваме и одржуваме подобар однос со партнерот.

Предлагајте повеќе идеи и планови

Не дозволувајте вашата врска да се сведе на рутина. Предлагајте и прифаќајте нови идеи и планови за состаноците со вашиот/та партнер/ка, зашто така така ќе се врати жарот кој сте го имале на почетокот на врската. Проширете ги вашите хоризонти и бидете отворени за нови работи, независно дали е тоа нов музички жанр, поза во кревет или слично. Со искусувањето нови работи, може да откриете и некој скриен интерес.

Зборувајте помалку за себе, а слушајте повеќе за него/неа

Отстапете му/и’ повеќе место на вашиот/та партнер/ка и слушнето што има да ви каже. Со ова, личноста во која сте заљубени ќе сфати дека секогаш сме до неа и сте спремни да помогнете.

Контролирајте се и бидете трпеливи

Контролирањето понекогаш знае да биде навистина тешко, но токму контролата би можела да ве спаси од повеќе нервози. Бидете трпеливи и истрајни за да го добиете тоа што го сакате.

Би те интересирало и

Што открива вашиот датум на венчање?

Нумерологијата тврди дека датумот на свадбата зборува многу за самиот брак и ја одредува неговата ...

Дознајте дали девојката ве изневерува!

Самата помисла дека саканата жена е во прегратките на друг маж предизвикува тежина во градите ...