Бизнисмените бараат измени во Законот за прекршоци и превентивни наместо репресивни мерки – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Бизнисмените бараат измени во Законот за прекршоци и превентивни наместо репресивни мерки

Итна интервенција во Законот за прекршоци, но и доуредување на прекршочните одредби кои се базираат на овој Закон – бараат бизнисмените. Денеска на прес конференција организирана од Стопанската комора, тие порачаа инспекторите да не користат репресивни мерки, туку да ја користат опомената како превентивна мерка.

Според нив, глобите не се соодветни на прекршоците кои фирмите понекогаш не ги прават намерно, туку од незнаење, или пак од технички аспект.

„Прво бараме промена на висината на глобите. Ако сега е предвидена 5000 евра глоба како максимален износ, бараме истиот да се намали, или да се укинат другите членови со кои овој износ паѓа во вода, бидејќи други членови од Законот за прекршоци дозволуваат тој износ да биде неколкукратно поголем.  Ако веќе имаме лимитиран износ, не би требало со некој член да се остава можност сите други закони да се уредуваат поинаку“, изјави претседалот на Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори, Ѓино Шкријељ.

Татјана Штерјова пак, од Стопанската комора  порача дека инспекторите треба да ја променат казнената политика и наместо репресивни да користат превентивни мерки:

„За фирмите, особено за оние кои сториле прекршок за првпат, многу поповолно влијание ќе има ако тие се повикаат на едукација, наместо да бидат санкционирани“.

Бизнис заедницата забележува на законското решение со кое при издавање мандатен платен налог, стопанствениците немаат право на жалба. Инспекторите исто така, ним може да им изречат санкции, дури и кога тие сами ќе забележат дека ненамерно направиле пропуст во работењето. Од Стопанската комора потсетуваат дека законските измени пред 3 години ги намалија максималните износи за прекршоци, но ги зголемија минималните. Па така, ако минималната глоба согласно Царинскиот закон порано изнесувала 1000 евра, сега е сведена на 1750 евра.

 

Вања Мицевска

 

Би те интересирало и

Работниците од Фени ја прашуваат Слаѓана Тасева чии интереси застапува по наводите за стечајот во фабриката

По денешната прес конференција на Транспаренси Интернешнел Македонија, каде директорката Слаѓана Тасева ги повика надлежните ...

Транспаренси Интернешнел Македонија бара отфрлање на планот за реорганизација на „Фени Индустри“

Транспаренси Интернешнел Македонија продолжува со мониторингот на постапката за стечај во Фени индустри АД Кавадарци ...