Битка за прволигашки статус: Новаци или Шкупи

Денес на програмата е првиот натпревар за прволигашки статус во македонскиот фудбал, па на градскиот стадион во Штип силите ќе ги одмерат Шкупи и Новаци – информира порталот Дерби.

Шкупи ќе се обиде да го задржи прволигашкиот статус, додека Новаци пак како аутсајдер ќе бара изненадување и влез во Прва лига преку бараж двомечот.

Првиот натпревар се игра денес, додека реванш средбата е закажана за 7. јуни. Подобриот од двата натпревари следната сезона ќе биде дел од ПМФЛ.

Покрај тоа, на 4. и 7. јуни ќе се одиграат и натпреварите за пласман во Вторите лиги.

Гоблен, Зајази и Лубеништа ќе одиграат три меѓусебни натпревари, а само најслабата ќе остане без пласман во Втора-лига Запад. Еден натпревар ќе одиграат Каменица Саса и Превалец, а подобриот ќе избори учество во Втора лига – Исток.

Сите натпревари започнуваат во 17 часот.

 

Извор: www.derbi.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Констатирани пропусти во подоготовките за УЕФА Супер купот на Арената „Филип Втори“

Владата на Република Македонија на синоќешната седница констатира сериозни пропусти од страна на АД за ...

Младата репрезентација ќе игра против Португалија

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва, ќе го одигра натпреварот од третото коло во Б групата, ...

Close