„Битола низ моите очи“: Промоција на документарен филм за техничките и информатичките ресурси на градот

Документарниот филм „Битола низ моите очи”, вечерва, со почеток во 19 часот, премиерно ќе биде прикажан во Центарот за култура во Битола, како дел од битолското културно лето „Битфест”.

Филмот става акцент на кадровските технички и информатички ресурси на Битола, како шанса за кариерен развој на младиот човек. Низ експертизата на факултетите од областа на техничките и информатичките науки на битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски”, Универзитетската библиотека во Битола, Македонското научно друштво Битола, стопански субјекти, локалната самоуправа, како и невладиниот сектор, филмскиот наратив ја пренесува пораката дека до работно место најлесно се доаѓа со информатички и технички науки.

„Истражувањето направено за потребите на документарниот филм покажа дека техничките и информатичките науки се најголема шанса за младиот човек во Битола да дојде до работно место. Предноста на Битола е во постоењето на Техничкиот факултет, кој зад себе има традиција долга над половина век, како и во новоформираниот Факултет за информатички и комуникациски технологии. Оттука Битола располага со квалификуван кадар во двете области, а искуствата покажуваат дека токму овие кадри имаат предност на пазарот на трудот“, вели авторката на филмот, Анета Шијакова.

Филмот „Битола низ моите очи” ја пренесува и инспиративната приказна на иноваторот и креаторот Никола Танчевски од Битола, кој беше дел од X3M-Games, тимот кој ја освои наградата за најдобра гејминг апликација на Mobile App Camp 2012. Ваквиот квалитет го препозна и Блекбери, а X3M брендовите сe развија во напредни сервисни студија за анимација, визуелни ефекти, видеоигри и апликации. Битолчанецот Танчевски работи и на софтверски решенија кои треба да го олеснат секојдневнието на лицата со сетилна попреченост.

Филмот прави осврт и на најголемата гринфилд инвестиција во Македонија, германската компанија „Кромберг и Шуберт”, која во 2013 година, заради постоењето високообразуван технички кадар, во Битола ја лоцираше својата фабрика, каде сега работат над 4.000 лица. Влезот на филмската проекција е отворен и бесплатен за сите посетители.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Изложбата „Спектрум“ на Маја Кировска во Португалија

Изложбата „Спектрум“ на Маја Кировска ќе биде претставена на манифестација во Брага, Португалија што се ...

Почнува 29-тата Поетска ноќ во Велестово

Во Велестово на падините на планината Галичица вечер во 21:00 часот започнува 29-тото издание на манифестацијата ...

Close