Битолски малолетници се степале во училиште, па добиле кривична пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца малолетника од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ – соопшти МВР.

 На 16.03.2017 година околу 17.00 часот, во СОУ Таки Даскалот“ во Битола, додека еден 15-годишник бил на час, кон крајот на часот во училницата влегле пријавените и започнале расправија со истиот.  Професорката се обидела да ги извади од училницата, но пријавените успеале да се оттргнат од професорката, скокнале преку клупите и со тупаници го удирале во пределот на главата и стомакот. На тој начин на оштетениот му нанеле телесни повреди констатирани во Клиничка Болница Битола.

Додади коментар

Би те интересирало и

Митко Јанчев: Тврдам, ми вперија пиштол в глава

По инцидентот со кандидатот за градоначалник од Кавадарци, бизнисменот Митко Јанчев и бројните верзии за ...

Двајца повредени во сообраќајка кај Делчево

Две лица потешко повредени во сообраќајка што се случила синоќа меѓу трактор и „сеат ибица“ ...

Close