Битолчанец си ја силувал малолетната братучедка

Осумнаесетгодишен битолчанец во два наврати ја силувал својата малолетна братучедка – соопшти денеска МВР.

Имено, вчера попладне во полициската станица во Ресен, четиринаесетгодишно девојче од Битола и нејзиниот татко О.И., пријавиле дека И.Н. (18) од Битола, кој е нејзин прв братучед и кој извесен период живеел во Ресен заедно со нив, во два наврати извршил полови дејствија над неа. Првото дејствието се случило пред Нова Година и по нејзино кажување, била уплашена и не кажала ништо на нејзините родители. Пред една недела отишла во Битола кај нејзината тетка каде што дошол и нејзиниот братучед и се случило второто дејствие. За тоа дознала тетка ѝ и веднаш му кажала на нејзиниот татко.

Ресенската полиција презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би те интересирало и

НДМ: Знае ли МВР дека со криење на запленетата дрога во дискотека им прави штета на младите

Народно движење за Македонија преку соопштение испратено до јавноста ги поздрави актуелните акциски контроли на ...

Опожарен угостителски објект во Жеровјане

Опожарен е дел од ноќен клуб лоциран во село Жеровјане. Пожарот избувнал вчера околу 6 ...