Би-Би-Си: Конзервативците 43, Лабуристите 40 отсто

Британските конзервативци освоиле 43 отсто, а опозициските лабуристи 40 отсто на вонредните парламентарни избори во Велика Британија, објави Би-Би-Си.

Според сеуште неофицијалните резултати, британската медиумска мрежа проценува дека конзервативците ќе имаат 318 од 650 пратенички места, што значи дека ќе го загубат мнозинството кое го имаа во моментот кога премиерката Тереза Меј ги распиша вонредните парламентарни избори.

Според оваа проценка, лабуристите ќе имаат 267 пратеници, Шкотската национална партија 32, либералдемократите 11.

Доколку се оствари оваа прогноза за формирање на влада ќе биде потребна коалиција, или да се формира малцинска влада, а унионистите од Северна Ирска најавија дека би поддржале конзервативна влада.

Би-Би-Си, повикувајќи се на извори од Конзервативната партија, наведува дека поради изборните резултати можно е Тереза Меј да поднесе оставка. Како нејзин можен наследник се споменува Борис Џонсон.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

И советничката за односи со јавноста го напушти Трамп

Советничката на Трамп за односи со јавноста, Омароса Маниголт Њуман, поднесе оставка. Според Белата куќа, ...

Бездомник исчезнал со 300.000 евра oд парискиот аеродром

„Совршено злосторство“ – вака француските медиуми го опишуваат случајот со бездомникот што исчезнал со 300.000 ...