БКМ: Економски вицепремиер според владината програма, транспарентност и дијалог со бизнисот

Владата да назначи вицепремиер за економски прашања според сопствена програма и план, но, секако, да воспостави и механизми и правила за транспарентен консултативен процес со сите засегнати интересни групи – смета Бизнис конфедерацијата на Македонија (БКМ).

Бизнис конфедерацијата, како што соопшти нејзиниот претседател Миле Бошков, очекува новата влада да ги почитува и спроведува досегашните практики на консултации и дијалог со претставниците на сите интересни групи на граѓани, правни и приватни субјекти, а за воспоставување транспарентен и косултативен социо-економски дијалог, предлага ротирачки функции на претседателите на Економско-социјалниот совет и на Националниот совет за претприемништво и конкурентност.

– Социјалниот и економскиот дијалог се практикуваат и спроведуваат според Уставот и Законите на Република Македонија, дополнително според усвоени практики, начела и стандарди, како и според меѓународните стандарди и практики, принципите на независен трипартитен дијалог на Меѓународната организација на трудот, Европскиот економски социјален комитет, Светската трговска организација,…, додека со Законот за работни односи е предвиден и уреден социјалниот дијалог како институт на трипартитно договарање од независни социјални партнери – Влада, Синдикати и Работодавачи – наведува БКМ.

Дополнува и дека во интерес на подобрување на креирањето на економските политики и подобрување на конкурентноста на македонската економија, владата и целокупната бизнис заедница го реафирмираа и формираа Националниот совет за претприемништво и конкурентност.

– Бизнис заедницата во Македонија од осамостојувањето до денес учествува во креирањето на социо-економските политики низ работни целни групи, работни тела, заеднички комитети, комисии во собранието, јавно-приватни партнерства и електронските „алатки“ -(ЕНЕР) со сите досегашни влади – стои во соопштението на БКМ.

Предлог политиките на Бизнис конфедерацијата на Македонија за подобро деловно опкружување се достапни на страницата www.bcm.mk.

Додади коментар

Би те интересирало и

Брегзит може да одземе од ЕУ 10 милијарди евра

Еврокомесарот за буџет, Гинтер Етингер, изјави дека повлекувањето на Велика Британија од ЕУ ќе создаде ...

Расте задолжувањето во еврозоната, каматите на минимум

Растот на задолжувањето на домаќинствата во еврозоната во мај го достигна највисокото ниво во осум ...

Close