Блитва за здраво срце

Блитвата спаѓа во нискокалоричните продукти, па се смета за идеален зеленчук за одржување на телесната тежина. Содржи витамини В и Ц, како и бета-каротин, магнезиум, железо, калиум, калциум, а преполна е и со јаглехидрати и протеини. Блитвата ги чува коските затоа што содржи големи количини витамин К, магнезиум и калциум, а токму овие состојки ги зајакнуваат коските и се грижат за нивен правилен раст. Витаминот К1 во цревата се претвора во витамин К2, кој поттикнува производство на остеокалцин, кој директно го насочува калциумот кон коските.

Го намалува ризикот од дијабетес затоа што содржи флавоноид, познат за регулирање на шеќерот во крвта. Затоа, блитвата е одлична за сите, а особено за оние шо страдаат од дијабетес. Помага при превенција на ракот. Таа е богата со антиоксиданси, па ги спречува слободните радикали да се шират еднакво како и клетките на ракот. Помага во одржување на здравјето на срцето.

Антиоксидансите во блитвата помагаат и при воспаленија и го забрзуваат процесот на закрепнување. Го намалуваат крвниот притисок, го олеснуваат притисокот во срцето и крвните садови. Минералите помагаат за отпуштање на натриумот, а на тој начин се олеснува протокот на крв во организмот.

Извор: Макфакс

 

Би те интересирало и

Домашна маска за подмладување по рецепт на Софија Лорен

Рецептот за оваа маска за подмладување доаѓа од безвременската убавица Софија Лорен. Добро е тоа ...

Денеска е 1-ви декември – Светски ден за борбата против ХИВ/СИДА

  Светскиот ден против СИДА-та (World AIDS Day) е осмислен и прифатен од 140 земји ...