Блокатори за непрописно паркирање во Штип – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Блокатори за непрописно паркирање во Штип

Блокатори  ќе добијат сите возила во централното градско подрачје, коишто ќе бидат непрописно паркирани  – најавија денеска од штипската локална самоуправа.

Поставувањето  и нивно отстранување ќе го спроведува ЈП „Стипион 2011“

„Поради зголемување на проблемите со нелегалното паркирање кои ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот, општината ќе започне со спроведување на оваа мерка која ќе придонесе за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Првично ќе се преземат мерки за возила кои се паркирани на пешачки премини, во ниво на крстосници, на паркинг места кои се наменети за посебна категорија на корисници како инвалидизирани лица и авто-такси стојалишта, автобуски стојалишта, тротоари, коловози и др.#, информира Оливера Блажевска , овластен инспектор за патен сообраќај.

Блокираните возила ќе се одблокираат по реализирана наплата од 700 денари.

За поголема ефикасност овие активности ќе се спроведуваат во координирана соработка со Полицијата. До крајот на овој месец,велат од општината,  возачите само ќе се опоменуваат, но од први март, блокатори ќе добијат сите возила кои ќе бидат паркирани непрописно .

Би те интересирало и

Постапка за разрешување на судиите од Врховен кои одлучуваа за Сеад Кочан

Судијата од Врховниот суд, Џемали Саити добил известување од Судскиот совет во врска со предлогот ...

Протест за правда за жртвите од Смилковско Езеро: Заев тврди има дополнителни докази што треба да се истражат

Со транспаренти „Нема правда, нема мир“ и „За правда се бориме“ група граѓани денеска ја ...