Блокотехна израмни на 1:1 против МЗТ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Блокотехна израмни на 1:1 против МЗТ

Фото: Архива

 

Блокотехна на домашен терен го совлада МЗТ Скопје со 106:94 во вториот меѓусебен дуел од полуфиналната серија од плејофот и израмни на 1:1.

Натпреварот во Гевгелија помина во знакот на расположените за игра домашни кошаркари, од кои Двејн Бенџамин постигна 31 поен.

Блокотехна го искористи домашниот терен и презеде инцијативата врз играта, а доминираше на теренот до последната четвртина. Домаќините по седум минути игра имаа двоцифрена предност (24:14), која на крајот од третиот период достигна највисоки плус 18 поени (76:58).

МЗТ се врати во ритам дури во последниот период, кога намали на едноцифрена негатива (75:83). Иако гостите резултатски се приближуваа, сепак тоа не беше доволно за пресврт и Блокотехна ја задржа предноста до крајот за убедлива победа.

Следниот натпревар од серијата се игра во недела во Скопје.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Со дуелот меѓу МЗТ и Блокотехна стартува полуфиналето од плејофот

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) во консултација со клубовите одлучи полуфиналните натпревари од плејофот да се ...

Кливленд ја доби Индијана во мајсторката, Хјустон поведе против Јута (видео)

Актуелниоит вицепрвак во НБА лигата тимот на Кливленд успеа да се пласира во полуфиналето на ...