БМВ-то во коешто беше убиен Тупак, оди на продажба

На порталот „Момент ин Тајм“ се појави оглас за продажба на автомобилот БМВ 7 (Е38), во кој беше застрелан познатиот рапер Тупак Шакур. Возилото чини 1,5 милиони долари. Раперот беше убиен во 1996 година, додека тој се наоѓал на предното седиште. Почина неколку дена подоцна. Убијците никогаш не беа откриени.

По настанот, автомобилот беше конфискуван од полицијата, а потоа и продаден на аукција. Оттогаш тој имаше неколку сопственици, и неопходниот технички преглед, но трагите од куршуми од внатрешната страна на вратата кај совозачкото седиште, се намерно оставени, заради „автентичноста“.

Бројот на поминати километри на автомобилот изнесува 145.000.

Лани беше продаден и „Хамер“-от на Тупак, за 340 000 долари.

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close