Богов: Речиси целосно e запрено повлекувањето на депозитите

bogov_5

Речиси целосно е запрено повлекувањето на депозитите од банките по шпекулациите во врска со политичката криза во Македонија – истакнува гувернерот на НБРМ,  Димитар Богов во интервју за Ројтерс.

Тој тврди дека минатиот месец се повлечени 1,8 отсто од депозитите во банките што е прв таков случај по повеќе години постојан раст на депозитите.

„Во изминатите две недели гледаме стабилизација на ситуацијата, а повлекувањето на депозитите речиси запре. Има показатели дека граѓаните ги враќаат депозитите во банките, поради што сметаме дека најлошото е завршено. По зголемувањето на каматите на благајничките записи од 3,25 на 4 проценти, засега нема потреба од дополнително зголемување“, вели Богов.

Засега ситуациајта се стабилизира, вели тој, потребните сигнали се пратени и веќе гледаме одговор од банките кои ги зголемуваат каматите на депозитите. Сметаме дека засега ќе нема потреба за дополнително зголемување, но остануваме будни и подготвени да употребиме мерки од монетарната политика ако се неопходни за да се зачува макроеконоската стабилност.

Според гувернерот на НБРМ, можно е Централната банка да ги намали каматите ако политичката криза наскоро биде решена и веќе нема шпекулативни напади врз стабилноста на денарот.

Би те интересирало и

Се подготвува петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството

Во моментов се подготвува петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. ...

Вредноста на семејната кошница во август 32 316 денари

Вкупната вредност на синдикалната кошница во август изнесувала 32.316 денари. Од нив, за храна и комуналии ...