Боки 13 избран за претседател на Меѓународниот сојуз за цивилно општество и социјално загрозени граѓани

Активистот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 денеска е избран за претседател на Меѓународниот сојуз за цивилно општество и социјално загрозени категории на граѓани. На седницата, како што соопштија од Сојузот, гласале 52 делегати, а Јовановски  избран во конкуренција од четворица кандидати. Новата функција тој ќе ја преземе на 22 месецов.

,,Меѓународниот сојуз ќе функционира во земјава и регионот според сите стандарди на ЕУ, со цел зајакнување и заштита на правата на социјално загрозени граѓани. Во текот на првата година предвидена е реализација на два проекти и креирање и подигнување на системите за логистика на асоцијацијата. Се предвидуваат подолгорочни решенија во цивилното општество и кај загрозените категории. Паралелно, предвидено е да тече процес на едукација и подигнување на јавната свест на индивидуално и институционално ниво, како и во рамки на стопанскиот сектор – се вели во соопштението од овој Меѓународен сојуз.

Оттаму му ја честитаат новата функција на Јовановски, потенцирајќи дека тој е личност за која е проценето од страна на делегатите дека во себе има сублимирано орагнизациски, идејни и оперативни квалитети пресудни за реализација на мисијата на сојузот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Беса бара СЈО до петок да ги отвори случаите Сопот и Монструм

Партијата Беса попладнево побара од Специјалното јавно обвинителство да ги покрене случаите „Сопот“ и „Монструм“ ...

Дивата депонија во Тетово се уште се пали.

  Тетовската дива депонија каде комуналното претпријатие го претовара сметот и натаму се пали. Облачи ...

Close