Борисов: Со новата влада ќе разговараме за европскиот план за Македонија

Откако ќе има влада, ќе може да биде организирана билатерална средба за европската иднина на Македонија, порача бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Тој во изјава за „ТВ+“ рече дека само стабилно управување може да ги смири политичките страсти во Македонија, откако претседателот Иванов вчера му го врачи мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Моментално кога ќе има влада ќе организираме билатерална средба со колегите од Македонија, заедно со министрите за надворешни работи и да го направиме европскиот план за Македонија бидејќи ни претстои претседателството со ЕУ и претпоставувам дека на агендата ќе биде темата за проширувањето“, рече Борисов.

Борисов оцени дека сега сè е во рацете на политичарите на Македонија.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Новинарите и понатаму се соочуваа со пречки во однос на слободниот пристап до информации од јавен карактер

Или не добиваат информации, а ако ги добијат чекаат по месец и половина. Со вакви ...

Захариев реагираше по кривичната пријава: Во овие 4 години работев законито и одговорно

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев реагираше по веста дека полицијата му поднела кривична пријава. Тој ...

Close