Ботас: Битката со Хамилтон ќе се заостри, но тоа останува само на патеката

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас очекува односите со неговиот тимски колега, Луис Хамилтон, да се заострат како што одминува шампионатот и борбата за титулата во Формула 1 – пренесува порталот Екипа.  Финецот кој во Мерцедес дојде како замена на Нико Розберг, го оствари својот сон постигнувајќи ја првата победа во кариерата во Ф1, минатата недела на трката за ГН на Русија.

За разлика од својот тимски колега, Хамилтон во Сочи заврши четврти и остана без место на подиумот. Британецот нема објаснување за слабиот настап на трката за ГН на Русија по која се зголеми неговиот заостатокот зад Фетел. По четвртата трка во шампионатот, Себастијан Фетел од Ферари е на лидерската позиција со 86 бода, Хамилтон сега заостанува зад него со 13 бода помалку, а со триумфот во Сочи во битката за врвот се вклучи и Валтери Ботас кој е на третата позиција со 63 бода.

„Луис дојде и ме поздрави по победата во Русија. Тоа беше убав потег од негова страна и тој уште еднаш покажа дека се однесува професионално кон се што се случува во тимот. Во моментов Луис е пред мене во генералниот пласман и перфектно си ја извршува својата работа. Јас ќе треба да дадам се од себе за да го достигнам. Но, има уште многу да се вози во овој шампионат. Допрва треба да видиме како ќе се распоредат силите и дали освен Мерцедес и Ферари, во борбата за титулата ќе се вклучи и трет тим. Да, очекувам како што ќе напредува шампионатот, битката со Луис да се заостри, но тоа е потполно нормално и останува само на патеката. За нас на прво место е претставувањето на Мерцедес, а потоа се’ друго“ – вели Валтери Ботас.

 

Извор: www.ekipa.mk

Би те интересирало и

Нашиот Дејан Недев е светски шампион

Македонија може да се пофали со ново злато во карате, благодарение на успехот на Дејан ...

Маестро Пирло ја заврши кариерата

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло изминатата ноќ стави крај на кариерата. Пирло ги одигра последните ...