Ботас: Верувам во себе и своите можности

Возачот на Мерцедес, Ботас е полн со самодоверба на ГН Русија.

„Таа победа направи разлика. Секогаш ви дава самодоверба кога ќе постигнете добри резултати и во многу случаи може да ја задржите. Би било глупаво ако не сакам да победам повторно“, изјави Ботас, пренесува Супер Спорт.

Ботас е трет во генералниот пласман со 63 бодови. Прв е Фетел со 86, а зад него е Хамилтон со 13 бодови помалку.

„Најважно е да напредувам во секоја трка, на сите квалификации. Посветен сум на работата, а се надевам дека наскоро резултатите ќе го покажат тоа. Морам да верувам во себе и знам дека може да бидам добар.“

 

Извор: www.supersport.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Охрид е подготвен за 31. издание на пливачкиот маратон

Охридскиот пливачки маратон, трет во Гран при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА) ќе се ...

Традиција, убавина и одличен натпревар: 31 Охридски пливачки маратон

31от Охридски пливачки маратон започнува на 19ти август. Истиот ќе се одржи на патеката „Климе ...

Close