Бочварски: Насипна брана на реката Отиња е подобро решение – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Бочварски: Насипна брана на реката Отиња е подобро решение

Потребно е целосно обновување на техничката документација за изградба на браната на река Отиња, изјави денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој вчера во Скопје имал средба со претставници на Градежниот факултет, министерствата за земјоделство и транспорт и врски.

Општина Штип доби десет милиони денари за обновување на документацијата за проектот, кој е стар околу десет години.

– Тоа што го имаме како техничка документација, во одреден дел е неупотребливо, бидејќи е изработено пред повеќе од десет години, по тие закони кои што тогаш важеле, а денеска имаме сосема нови закони и услови. Така што, јас веќе го дадов своето мислење и насоки до сите претставници, експерти да продолжат да го ревидираат целиот проект и да го стават во функција, вели Бочварски.

Експертите кои биле на состанок сметаат дека подобро е да се изгради насипна брана на реката Отиња, бидејќи теренот одговара за таков тип на брана.

– Во минатото имало еден проект кој што бил со контрафорна брана, но тој проект тврдат дека е полош на одредени сеизмички активности и насипната брана е многу подобро решение, со кое што со сите ревизии, може многу бргу да дојдеме до конечна одлука, решение и до нејзина реализација, рече Бочварски.

Штипскиот градоначалник најави дека следната средба на експертите и на надлежните министерства ќе биде во министерството за транспорт и врски, на која што ќе се разгледуваат детали околу изградбата на брана на река Отиња. Инаку Штип е единствената општина во источниот регион, која нема своја брана.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Република Илинденска Македонија е одлична база за решение

Министрите за надворешни работи договорија еден пакет кој што двајцата премиери начелно го потврдија. Она ...

ВРЗАНИ СМЕ ЗА ПАКЕТ РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО КОЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДРОБИ НА ПАРЧИЊА, РЕЧЕ ШЕКЕРИНСКА

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека со предлогот „Република Илинденска Македонија“, целта ...