Бошкоски: Договорот со Бугарија е историски договор

Договорот за соработка во Бугарија е историски договор, кој е многу значаен за Македонија. Овој договор ни ги отвора вратите кон НАТО – изјави денеска лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Тој ваквиот став го сподели од име на коалицијата ВМРО за Македонија.

„Како Kоалиција сметаме дека ова е историски ден и добро е што се совпаѓа со Илинден. Треба да ги надминеме стреотипите на едно југоносталгичарско време каде Бугарија требаше да се прикажува како непријател на Македонија. Македонија треба да гради добрососедски односи и да ги надминеме разликите“, доаде Бошкоски.

Договорот со Бугарија исто така, преку соопштение за јавноста го поддржа и Форумот за Демократска Македонија (ФДМ), глобална организација на демократски ориентираните иселеници од Македонија. Оттаму сметаат Договорот е позитивен исчекор и дека претставува вистинска можност за отворен дијалог и решавање на долгогодишни спорни прашања и зацврстување на взаемната доверба и почитување.

-ФДМ во Договорот гледа конкретен обид за стабилизирање на односите со Република Бугарија и во регионот воопшто, и поголемо приближување кон европските вредности и заложби за подобрување на економскиот развој и безбедноста. ФДМ ја поздравува иницијативата на Република Македонија и Република Бугарија и го поддржува билатералното потпишување на Договорот – се вели во соопштението.

Во меѓувреме, Граѓанското здружение „Блаже Конески“ денеска повторно протестираше пред Министерството за надворешни работи против договорот, кој Владата на Зоран Заев треба да го потпише утре со Бугарија.

„Наместо да потпишувате договор, одведете го вашиот пријател Борисов на гробовите на хероите, да им се извини, со што би започнал процесот на спријателување. Се’ друго е силување и понижување на македонскиот народ“, му порача на Заев, Љубомир Сенковски од Здружението.

Додади коментар

Би те интересирало и

Предизборен форум на З.Г Медиа Плус – Штип во мултимедијалниот центар на Канал 77

Во организација на З.Г. Медиа Плус-Штип, во мултимедијалниот центар Канал 77, се одржа предизборен форум ...

Во Кочани одбележан Светскиот ден без автомобили

Општина Кочани се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност која се одбележува под ...

Close