Брачни мудрости – Дел 1

Драги посетители, да се посмеете додека не сте дошле во таа ситуација. Големи брачни мудрости, некои кажани од мажи, а некои од жени, но сите вистинити:

Маж му вели на пријател:
– Мојата сопруга е ангел!
Пријателот:
– Мојата е сеуште жива.

Имаш два избори во животот:
Можеш да останеш немажена и да се чувствуваш бедно,
или да се омажиш и да посакаш да си мртва.

На некоја коктел забава една жена и рекла на друга:
– Па, ти ја носиш бурмата на погрешниот прст!
– Да, затоа што се омажив за погрешен човек!

Некоја жена дала оглас во весниците:
– Барам маж
Следниот ден добила стотина писма.
Во сите пишувало: Можеш да го земеш мојот.

Кога некоја жена ќе ти го земе мажот,
нема подобра одмазда отколку да и го препуштиш.

Животот на жената е непотполн додека не се омажи.
Тогаш е докрајчен.

Синот го прашува таткото:
– Дали е вистина дека во некои делови на Африка, младоженецот не ја познава невестата се додека не се ожени?
Таткото:
– Сине мој, така е во сите земји.

Синот го прашува таткото:
– Тато, колку чини женидба?
Таткото:
– Не знам сине, јас уште ја плаќам!

Некоја жена рекла:
– Не знаев за вистинска среќа се додека не се омажив, а тогаш беше предоцна.

Жените никогаш нема да бидат рамноправни со мажите,
се додека не излезат на улица ќелави и со пивкси стомак.

Бракот е триумф на фантазијата и интелигенцијата.

Ако сакаш сопругот внимателно да го слуша секој збор што ќе го кажеш,
зборувај во сон.

Би те интересирало и

Гугл случајно му ја расипа кампањата на Захариев

Кога Гугл ќе вмеша прсти, прави хаос сред кампања. Кандидатот за градоначалник на Штип, Илчо ...

Снајди се па прави ајвар – фyнкционални изговори како да не добиеш казна ако те фати полиција како правиш ајвар

Полицијата последниве неколку недели користејќи специјално тренирани гладни студенти кои можат да намириаат ајвар и ...