Британија веќе нема да разменува чувствителни информации со САД

Британската полиција ги суспендираше чувствителните разузнавачки информации за САД во врска со истрагата за нападот во Манчестер, пишува Би-Би-Си.

Би-Би-Си наведува дека полицијата на Манчестер се надева дека наскоо ќе биде повторно воспоставена нормална размена на разузнавачки податоци, но дека “во овој момент е гневна“.

Од АФП истовремено информираа дека британската полиција соопштила дека протекувањето на информациите за терористичкиот напад во Манчестер ја загрозува истрагата.

Британија и САД претходно склучија договор за безбедноста кој помеѓу останатото подразбира размена на радознавачки податоци и информации.

Меѓутоа, бидејќи во американските медиуми се појавиле фотографии од местото на нападот како и информација во врска со сторителот, британските официјални претставници разговараа за можноста на лимитирање на разменување на информации со цел за заштита на истрагата.

„Њујорк тајмс“ објавил фотографии со детална анализа и прикажување на сцената на нападот во “арената Манчестер“. Американски лист ова го објавил многу пред полицијата во Манчестер да ги потврди информациите за напаѓачот и околностите на нападот.

Се очекува британскиот премиер Тереза Меј да го постави оба прашање во разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на НАТО, денес во Брисел, тврди “Гардијан“.

Весникот наведува дека Владата е „гневна’ поради деталите кои протекле и кои ги објавиле американските медиуми во врска со истрагата за нападот во Манчестер, во кои погинаа 22 особи.

Британската министерка за внатрешни работи Амбер Руд рече дека е “иритирана“ од тоа што деталите на бомбашкиот напад на концертот во Манчестер “протекле“ до американските медиуми, пред да бидат објавени во Британија, наведувајќи дека за тоа разговарала со властите на САД и дека тоа не смее да се повтори.

“Британската полиција беше многу јасна и дека сака да го контролира протокот на информации за да се заштити интегритетот на операцијата…

Иритирачки е тоа што информацијата се дознала од други извори и јас бев потполно јасна со нашите пријатели дека тоа не смее да се повтори“, истакнала Рут.

На прашањето дали со тоа американските власти ја загрозиле истрагата, Рут одговори деја “не би одела така далеку“.

Извор; Макфакс13

Додади коментар

Би те интересирало и

Макрон ќе предложи реформи за ЕУ и јакнење на монетарната унија

Францускиот претседател, Емануел Макрон утре ќе ги промовира своите предлози за реформи на Европската унија ...

Референдум за независност на Ирачки Курдистан

Граѓаните на ирачки Курдистан денеска ќе се изјаснат на референдум за независност на регионот од ...

Close