Британија гласа, полицијата апси терористи во Лондон

Британската полиција уапси шест лица во Лондон во акција против тероризмот, додека граѓаните гласаат на вонредните парламентарни избори кои се одвиваат во сенка на два терористички напади.

Детективите на лондонската единица за борба против тероризмот извршиле претрес во источниот дел од Лондон и уапсиле три лица поради сомневање дека подготвувале или поттикнувале терористички дела.

Тие лица, како што се наведува, немаат никаква поврзаност со нападот на Лондонскиот мост во саботата.

Во одвоена акција, вчера, исто така во источниот дел на Лондон, се уапсени уште три лица.Тие се уапсени во рамка на истрагата во врска со нападот на Лондонскиот мост, во кои се убиени осум лица, пренесе АП.

Во Британија утрово со силна безбедност се отворени гласачките места на вонредните парламентарни избори. Британците до 22 часот ќе се определуваат помеѓу 3.303 кандидати во 650 региони во земјата, колку што има места во Долниот дом на парламентот.

Право на глас имаат полнолетните Британци, потоа државјаните на Република Ирска и земјите на Комонвелтот, како и Британците и Ирците кои живеат во странство, а кои се регистрирани во избирачкиот список во последните 15 години.

Главни фаворити се Конзервативната партија на десниот центар, на чело со премиерката Тереза Меј и левичарската Лабуристичка партија која ја предводи Џереми Корбин. Зад нив следуваат Либерално-демократската партија на левиот центар, популистичката Партија за независност на Обединетото Кралство и лево ориентираната Зелена партија.

Извор: Макфакс

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Нов силен земјотрес го погоди Мексико

По двата разорни земјотреси, едниот со јачина од 8,2 степени, а другиот од 5,8 степени ...

Ердоган: САД немаат право да и’ кажуваат на Турција какво оружје ќе купува

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган оцени дека САД немаат никакво право да и префрлат нешто ...

Close