Британија дозволи ин витро оплодување од три родитела

oploduvanje

Велика Британија претходно оваа седмица стана првата држава којашто го дозволи вештачи потпомогнато ин витро (IVF) оплодување од три родитела.

Долгоочекуваната одлука на британската Агенција за оплодување и ембриологија (HFEA) го даде конечното одобрување за ткн митохондриски трансфер за кој лекарите тврдат дека може да ги спречи неизлечивите наследни болести.

Британскиот парламент минатата година гласаше за промена на законот за да ги дозволи таквите постапки, а се очекува дека првото бебе зачнато со ваквата метода ќе се роди веќе во 2017 година.

Првото и досега единствено бебе родено со оваа техника беше претходно оваа 2016 година, кога американските лекари во клиника во Мексико му помогна со оваа постапка на една двојка од Јордан. Меѓутоа, тоа прашање во Мексико не е регулирано со закон.

Техниката вклучува интервенција во процесот на оплодувањето за да се отстранат митохондрии, коишто, доколку имаат грешка, може да предизвикаат фатални срцеви проблеми, откажување на функцијата на црниот дроб, мозочни проблеми, слепило или мускулна дистрофија.

„Донирањето митохондрии создава можност за лекување на потенцијално фаталните состојби, и ќе донесе надеж на стотици семејства во Велика Британија“, тврди Даган Велс, професор во биомедицински истражувачки центар на универзитетот Оксфорд и еден од многуте експерти кои ја поздравија ваквата одлука.

Постапката се нарекува „IVF од три родители“, бидејќи бебињата родени од генетски модификувани ембриони, ќе има ДНК на мајката, таткото и женскиот донатор.

Ереми Фарар, директор на светската здравствена хуманитарна организација „Wellcome Trust“ тврди дека носењето на споменатиот закон претставува „голем ден за луѓето со митохондриски заболувања“.

Истражувачки групи ширум светот ја испитуваа оваа техника во низа експеримент, но тие уште не се користеа за лекување на пациентите во Велика Британија.

Извор: Макфакс



Додади коментар

Би те интересирало и

Вилијамс прв го претстави новиот болид за 2017 – FW40 (ВИДЕО)

Тимот на Вилијамс прв пред своите конкуренти ги објави фотографиите од својот нов болид FW40 ...

Научниците открија човек кого пушењето ги спасило од анемија

Парадоксално, но пушењето се покажало како полезно за здравјето на еден жител на Германија, заболен ...

Close