Британски ловци во итна мисија поради руски авиони

Министеството за одбрана на Велика Британија потврди дека два британски борбени авиони полетале од воздушната база во Шкотска како “итна реакција“ откако два руски борбени авиони го нарушиле британскиот воздушен простор.

„Два тајфуни полетаа од базата Лосимаут во рамки на брза реакција на силите на тоа што руски авиони влегле во воздушниот простор на Велика Британија“ соопшти министерството.

Британија редовно ангажира борбени авиони да пресретнат руски авиони близу својот воздушен простор, а последните години и другите членки на НАТО повеќепати пресретнувале руски авиони особено кога дојде до ескалација на тензиите меѓу Западот и Русија околу украинската криза.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување

Повеќето интернет корисници пребарувањето го почнуваат на Гугл. Но често не добиваат соодветни резултати, веќе ...

Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница

Повеќе од 20 години по масакрот врз муслиманите во босанска Сребреница, холандски суд пресуди дека ...

Close