Бркотница на автопат, автомобилот излетал, возачот избегал, еве што нашла полицијата во возилото

Во три часот по полноќ во близина на кружниот тек до казино во Гевгелија, полициски службеници забележале возило „Рено Меган‘‘ со скопски регистарски ознаки, во кое имало повеќе лица, како со голема брзина се упатило по автопатот во правец на Скопје.

Фото: Архива

Полициските службеници се упатиле по возилото, кое кај клучката кај селото Прдејци излетало од патот. По незгодата возачот почнал да бега, додека во околината биле затекнати осум лица-мигранти, од кои четири лица од Индија и четири лица од Пакистан.

По консултација со Јавен обвинител дел од мигрантите ќе бидат спроведени во Прифатниот центар за странци-Скопје, а останатите се предадени на полициски службеници од Полицијата Гевгелија за понатамошна постапка.

По извршена проверка утврдено е дека регистарските таблици припаѓаат на друго патничко возило. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Виница: Вооружени крадци ги затвориле вработените во тоалет и го ограбиле казиното

Двајца маскирани крадци вооружени со пиштоли изутринава околу 6.15 часот го ограбиле казиното на улицата ...

Користејќи туѓ Фејсбук профил зел 600 евра од негови пријатели

Вчера околу 17 часот З.М. (55) од гостиварското село Чајле, пријавил компјутерска измама од засега ...